Зеленски: Украина ги зајакна своите позиции во Курск

Коментарите на украинскиот претседател доаѓаат откако портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, рече дека украинските сили користеле ракети од американско производство за да го уништат клучниот мост во областа Глушков во Курск убивајќи „доброволци кои помагале во евакуацијата на цивилите“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави оти Украина ги зајакнала своите позиции во рускиот регион Курск откако армијата на земјата започна голема прекугранична офанзива.

Володимир Зеленски, претседател на Украина / Фотo: EPA-EFE/ALESSANDRO DELLA VALLE

Во објава на Телеграм, Зеленски информира за известувањето што го добил од главниот воен командант на Украина, Олександар Сириски, за зајакнување на позициите на украинската војска во Курдскиот Регион и за проширување на стабилизираната територија.

Коментарите на Зеленски доаѓаат откако портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова рече дека украинските сили користеле ракети од американско производство за да го уништат клучниот мост во областа Глушков во Курск убивајќи „доброволци кои помагале во евакуацијата на цивилите“.

„Првпат регионот Курск беше погоден од ракетни фрлачи од западно производство, веројатно американскиот ХИМАРС“,

изјави портпаролката на руското МНР.

Според руските безбедносни претставници, со уништувањето на мостот се отсекол дел од областа, што ја отежнува евакуацијата на цивилите од регионот.

- Реклама -