Зарина Првасевда и DJ Ishjan Twin на отварање на МакеДокс

Со проекција на филмовите ,,Како се мери годината?” на Jay Rosenblant и ,,Целулоидно подземје” на Ehsan Khoshbakht -во четврток на 15 август во 20.30 часот во Куршумли Ан, ќе биде отворено јубилејното 15 то издание на Фестивалот за документарен филм МакеДокс.

По проекциите на филмовите, во 23.00 часот концерт ќе има Зарина Првасевда.

Зарина е вокален изведувач и музичар кој изведува и македонска и светска традиционална музика.

Таа се стреми да ја смести традиционалната музика во поинаква, единствена и алтернативна форма, имајќи предвид дека самата музика ја задржува својата автентичност; сето тоа со помош на вокални техники кои кореспондираат со традицијата.

По неа во 00.00 часот свој сет ќе има DJ Ishjan Twin.

- Реклама -