„ЅИРНИ – Фестивал на Филм и музика“ годинава по шести пат на скопјани им понуди селекција од домашни и странски кратки филмови во одлична програма дополнета со музика, изложби и претстави. На фестивалот оваа година се присутни реномирани режисери и филмови веќе познати на светските фестивали, селекција на интернационални кратки филмови и студентски филмови. Десет дена дена „Ѕирни“ на неколку локации во Скопје ги собра љубителите на филмот, музиката и уметноста.
-Ова година е шестото издание на фестивалот „Ѕирни“. За прв пат имаме мали промени и програмата се збогатува. Официjалната селекција на кратки филмови кои се натпреваруваат за најдобар краток филм за наградата Данчо Чеврески годинава станува интернационална. Исто така, покрај официјалната селекција на кратки филмови додаваме уште една, а тоа е студенска селекција на кратки филмови која исто така е интерционална. Имаме неколку проекции кои ке бидат посветени на Мето Јовановски, а тоа е Тетовирање и Среќна Нова 49 на Столе Попов. Дел од фестивалот ќе биде и преставата „Кенди“ што ќе се одигра во Лабораториум. Оваа година проекциите се на плочник. Првпат го користиме овој простор, за кој ни беше желба одамна да го ставиме во некаква функција и оваа година тоа ни успеа – вели Дарко Јовчевски од „Котур“ кој е еден од организаторите на фестивалот
Скопјани, вели Дарко сакаат кино проекции. Сакаат интересна програма и македонски филмови во комбинација со добра музика.
– Скопјани сакаат и уживаат и да гледат проекции. Тоа го заклучивме уште од самиот почеток на нашата редовна кино програма во Котур Кафе и Филм. Скопјани сакаат кратки филмови и македонска продукција. Затоа секоја година на фестивалот имаме барем по еден таков филм што е значаен за македонската кинематографија, кој што израснал генерации на скопјани и пошироко. Скопјани дефинитивно сакаат да гледаат филмови од деведесетите осумдесетите кои што се класици произведени во тоа време – вели Дарко.
Покрај локацијата Кафе и филм Котур, оваа година фестивалот се одржува за прв пат и на две нови локации. Филмови и концерти гледаме на Сквер Плочник (плочникот во блокот на Градски ѕид зад Соборниот Храм) , а тетатарската претстава е во Лабораториум.
-Плочник беше стара идеја. Сакавме да го искористиме, а притоа да не направиме преагресивна интервецијата во просторот. Сакаме да прикажеме какви се намени можат да имаат овие простори. Оваа локација е дефенитивно по прилагодлива на ваков тип на настани и интересно е што тоа што го замисливме уште од првиот момент дека ќе можат проекциите да си ги следат соседите од околните згради од блок од на Граски ѕид и останатите прозори и тераси. Така да навистина ни беше желба овде некако ова да се случи и се надевам дека и наредните години ќе продложи- вели Дарко.
„Ѕирни“ продолжува и во наредните денови и тоа со 48 часовниот филмскиот предизвик, со проекцијата посветена на Мето Јовановски, со музичка селекција на плочи на Раде Станојевиќ и Андреј Влашки во КОТУР. Во сабота е концертот на Фанк Шуи и Аудио Цигла и музичка селекција Џано Куч(е), како и отворање на изложбата ГУЖВА на Доротеј Нешковски, Мила Добревска,Филип Велковски и Ана Спасова по што ќе следи музичка селекција Зоки Бејбе КОТУР. На 6 ти октомври ќе настапат CARAVANIA GIPSY JAZZ QUARTET, а ќе биде прикажан филмот The Hip-Brainstorm во Котур Кино салата. На 7 ми Октомври ќе биде проекцијата на филмови продуцирани од 48 часовениот Скопски Филмски предизвик и доделување на награди. Следниот ден е детската филмска програма и уште една проекција посветена на Мето Јовановски- Среќна нова 49та од Столе Попов. Музичката селекција е на Еми Ермилова во КОТУР.
Фестивалот се затвара на 10 октомври со театарска претстава КЕНДИ во Лабораториум и официјално затворање во КОТУР Клуб со музичка селекција на Dоuble G & Soul Case.