„Голем формат“ изложба која го поттикнува современиот ликовен израз

На 24 октомври во 19 часот во Дом на АРМ ќе биде отворена изложбата „Голем формат“

Организирање на традиционалната изложба „Голем формат“ ДЛУМ го поттикнува современиот ликовен израз кон постојана потрага по нови визуелни и концепциски изразни
техники, нови медиуми и вокбулар за експресија.

Големиот формат како инспирација се потврдува најмногу во уметноста наменета за екстериер каде остварува динамичен дијалог со светот кој постојано се менува во отворен
простор.

Делата во голем формат пак, поставени во ентериер го впиваат вниманието на гледачот со својата маркантност и доминација – димензиите во корелација со антрополошките
димензии на консументите, за публиката не оставаат место за дилема, криење или двоумење.

Пропорциите се носители на пораката како и сите основни елементи на визуелниот израз, моќни или пак празни, во зависност од квалитетот на означеното потенцирано со големите димензии.

Оваа година Уметничкиот совет на ДЛУМ Ве поканува да ги претставите своите пораки, кодирани според личните симболи на индивидуалната перцепција за она што го испраќаме во овој посебен момент од нашето контактирање со останатите – како мејл или пост виден од поширока креативна перспектива.

На овогодинешната изложба ќе се претстават: Никола Пијаманов, Стефан Анчевски, Мице Јанкуловски, Мила Добревска. Јоана Арсовска, Душан Георгиевски, Слободан Живковски, Зулејха Зубери, Валентина Илијевска, Јана Јакимовска, Перо Кованцалиев, Нела Јанковска, Марина Лешкова, Ангелица Стојковиќ и Златко Пецов.

Изложбата ќе биде отворена за посета од 24.10.2024 до 6.11.2024 во Дом на АРМ.

Настанот е подржан од Министерство за култура и туризам.

- Реклама -