Вучиќ: Гробот на Тито останува во Белград, тој е дел од српската историја

„Никогаш не сум бил љубител на комунистите и на комунистичкиот режим, но Јосип Броз е дел од нашата историја. Тој живееше тука, тука беше погребан и ќе остане дел од југословенската и српската историја“, рече српскиот претседател

Српскиот претседател Александар Вучиќ за „Политико“ изјави дека гробот на Јосип Броз Тито нема да биде преместен од Куќата на цвеќето во Белград, откако белградскиот градоначалник Александар Шапиќ иницираше негово преместување во Кумровец, Хрватска.

Српскиот претседатеел Александар Вучиќ / Фото: Принтскрин

„Никогаш не сум бил љубител на комунистите и на комунистичкиот режим, но Јосип Броз е дел од нашата историја. Тој живееше тука, тука беше погребан и ќе остане дел од југословенската и српската историја“

рече тој.

Со тоа, Вучиќ ја отфрли идејата на градоначалникот на Белград и негов партиски колега за преместување на гробот на Јосип Броз Тито од Куќата на цвеќето во комплексот на Музејот на Југославија во неговото родно место во Кумровец во Хрватска.

Градоначалникот на Белград рече дека со преместување на гробот на Тито, земјата еднаш засекогаш треба да се исчисти од болшевизмот и комунизмот.

Предлогот за преместување на гробот на Тито предизвика разидување во ставовите во српската владејачка коалиција.

- Реклама -