Бајден ја врати довербата на американското лидерство во светот, вели државниот секретар Блинкен

Блинкен вели дека луѓето во светот гледаат што Бајден направил од неговото доаѓање на власт, а не само неговиот настап во вечерта на дебатите и дека ја ценат неговата политика

blinkenblinken

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска одговори на критиките за настапот на претседателот Џо Бајден на предизборната дебата минатата недела, истакнувајќи дека политиката на Бајден во последните три и пол години ја зајакнала довербата во американското лидерство во светот.

Блинкен коментарот го даде откако беше прашан за време на настан во Институтот „Брукингс“ што ќе си помислат пријателите и непријателите на САД за американското лидерство по слабиот настап на Бајден.

Државениот секретар вели дека луѓето во светот гледаат што Бајден направил од неговото доаѓање на власт, а не само неговиот настап во вечерта на дебатите и дека ја ценат неговата политика.

Тој истакна дека луѓето гледаат претседател кој ги вратил позициите на Америка, ја вратил Америка на светската мапа, обновил сојузи и партнерства.

„Ако ги погледнете социолошките истражувања во светот, до степен до кој може да им се верува, ќе видите повторно и повторно дека довербата во американското лидерство значително се зголемила во последните три и пол години“,

истакна тој.

Според Блинкен, тоа не се случува само по себе и тоа е, како што вели, резултат на политиката што ја водат, резултат на ангажираноста.

„Тие гледаат дека претседателот Бајден го отвора патот во сите овие различни области на начин што ги обединува луѓето и е фокусиран истовремено на предизвиците што стојат пред нас и кои се заеднички за толку многу земји“,

додаде Блинкен.

Поддржувачите на Бајден се надеваа дека предизборните дебати ќе ги разбијат сомнежите дека тој е премногу стар за уште еден претседателски мандат, но наместо тоа, неговиот настап дополнително ги разгоре сомневањата. Некои демократи дури повикаа Бајден да биде заменет со друг кандидат.

- Реклама -