ЦУК: Активни се четири пожари, гори во Општините Чашка, Долнени, Теарце и Гостивар

Изгаснати се пожарите во Општина гази Баба кај селото Смиљковци, во Општина Чучер Сандево кај Качанички пат, во Општина Сарај кај селото Крушопек, во Општина Штип кај полигонот „Криволак“ и стелиштето „Пенуш“, во Општина Стримица кај селото банско и во Општина Куманово кај селото Никуњане

Има вкупно 10 пожари на отворено, од кои активни се четири, а изгаснати се шест, информира вечерва Центарот за управување со кризи (ЦУК), посочувајќи дека се уште гори во Општина Чашка на планината Мукос.

Оттаму велат дека гори на планината Мукос, кај селата Степанци кон месноста викана Кадиица на краница меѓу Општина Чашка и Долнени и жариште Ораов Дол према Кадиица. Гори и во Општина Дoлнени кај селото Дреновци, во Општина Теарце кај муслиманските гробишта и во Општина Гостивар во населбата Фазанерија.

Изгаснати се пожарите во Општина гази Баба кај селото Смиљковци, во Општина Чучер Сандево кај Качанички пат, во Општина Сарај кај селото Крушопек, во Општина Штип кај полигонот „Криволак“ и стелиштето „Пенуш“, во Општина Стримица кај селото банско и во Општина Куманово кај селото Никуњане.

- Реклама -