По меѓусебна тепачка во Гостивар приведени три лица

СВР Тетово извести дека вчера (7 октомври) во 15.00 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги привеле Х.Ќ.(34) од Гостивар, И.С.(48) и З.С.(49), двајцата од гостиварска Горна Бањица.

„Тие биле забележани од полициски службеници како го нарушуваат јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. Лицата биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.“, соопшти полицијата.

Извор