Кина е првиот освојувач на златен медал на ОИ во Париз

Први медалисти беа Казахстанците Александра Ле и Ислам Шатпаев, кои претходно, за бронзата ги победија германските претставници Ана Јансен и Максимилијан Улбрих со резултат 17-5

Хуанг Јутинг и Шенг Лихао

Кина е првата држава која освои златен медал на Олимписките игри во Париз. Стрелањето со воздушна пушка се играше на отприлика три часа оддалеченост од Париз, во градот Шаторо.

Таму, Хуанг Јутинг и Шенг Лихао стрелаа со воздушна пушка на 10 метри оддалеченост и го освоија златото пред јужнокорејските претставници Кеум Џихјон и Парк Хаџун со резултат 16-12.

Кина го повтори успехот од Токио, кога исто така на отворањето го освои златото во оваа дисциплина.

Први медалисти беа Казахстанците Александра Ле и Ислам Шатпаев, кои претходно, за бронзата ги победија германските претставници Ана Јансен и Максимилијан Улбрих со резултат 17-5.

- Реклама -