Пријавата за изгубено лице стигнала вчера во 17:58 часот, а потрагата завршила во 18:45 часот кога лицето било пронајдено во добра општа состојба
Лице што вчера било пријавено за изгубено над галичките терени на Маврово по 45-минутна потрага било пронајдено во добра општа состојба, информираат денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Пријавата за изгубено лице стигнала вчера во 17:58 часот на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Од Регионалниот центар за управување со кризи од Тетово веднаш стапиле во контакт со пријавителката од каде добиле точна информација за местото каде бил последниот евидентиран повик од изгубеното лице.
Екипи од полициските станици во Маврово и во Ростуше, како и од Националниот парк „Маврово“ се упатиле на терен во потрага на изгубеното лице кое во 18:45 часот било пронајдено во добра општа состојба.