Идната недела ќе почнат консултациите за темелни реформи во Судскиот совет, најави Мицкоски

„Убеден сум дека сите пратеници ќе гласаат за една таква реформа што е препорака од Европската Унија. Доколку тоа не се случи, убеден сум дека владата ќе обезбеди двотретиснко мнозинство за една таква реформа со што ќе се стави крај на заробениот Судски совет, судството и Обвинителството, што ја влече правдата назад“, вели премиерот

Во текот на идната недела ќе започне процесот на темелна реформа на Републичкиот судски совет, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на пратеничко прашање поставено од страна на Антонијо Милошоски, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ дали владата очекува двотретинско мнозинство за реформа на ова тело.

Од денешната седница на пратенички прашања на која одговараше премиерот Христијан Мицкоски / Фото: Принтскрин

„Убеден сум дека сите пратеници ќе гласаат за една таква реформа што е препорака од Европската Унија. Доколку тоа не се случи, убеден сум дека владата ќе обезбеди двотретиснко мнозинство за една таква реформа со што ќе се стави крај на заробениот Судски совет, судството и Обвинителството, што ја влече правдата назад“,

рече тој.

Посочи дека во координација со министерот за европски прашања, министрите за надворешни и внатрешни работи, правда и сите други засегнати ќе започне процесот на консултации и реформи.

„За жал, судско обвинителскиот систем во Македонија е катастрофален. Тоа што е пример за заробено сидство е денес практично македонско судство. Би сакал да посочам неколку работи што мислам дека се важни. Од страна на Судскиот и Советот на јавни обвинители се врши брутална партизација на Управниот одбор на Академијата на судии о јавни обвинители. Нешто што досега не е запаметено“,

вели премиерот.

Има неколкумина во судската власт, рече тој, што се слепи послушници на претходната власт, коментирајќи ги состојбите во правосудството и Академијата за судии и обвинители.

Во таа насока, посочи неколку примери со кои рече дека се илустрира состојбата во правосудството.

„За член на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители од редот на судиите, Судскиот совет ја избра од сите, Антоанета Димовска, сестра на поранешната пратеничка на СДСМ, Снежана Калевска Ванчева. Таа е избаран од страна на Судскиот совет за член на УО на АСЈО. Тоа е спротивно на закон, бидејќи таа нее е од редот на судиите, односно е член на Судскиот совет, што претставува избрана или именувана функција и не смее истовремени да врпи функција во орган на управување, како што е УО на АСЈО. Има судир на интереси. За нејзин заменик е назначена Емел Кранли, прва братучетка на Ветон Кранли, љубител на монети и близок соработник на Оливер Спасовски, кој своевремено беше назначен за начаник на сузбивање на организиран криминал во БЈБ. Исто така, за член на УО во АСЈО од редот на јавните обвинители Советот ја назначи Душица Димитриеска, мајка на Ема Нешкоска, актуелен член на Советот на Општина Гостивар од СДСМ и кандидат за пратеник од истата партија во ИЕ 3 на последните избори“,

рече Мицкоски.

Според него, секогаш кога ќе се отвори темата за распуштање на овие институции, секогаш излегуваат експерти што со години се послушници на СДСМ и ДУИ, со цел да ги бранат дека тоа не може да се направи.

Посочи дека решението е целосна реформа и департизација на Судскиот и Советот на јавни обвинители, зашто ако вака се продолжи на овој начин, извештајот на Европската комисија, нема да биде како последниот, туку негативен.

- Реклама -