На 3 јуни во 19:00 часот во кино Фросина во МКЦ, ќе биде прикажан детскиот мјузикл на македонски јазик -„Приказната за генијалната Матилда“ како дел од Фестивалот на детска креативност-Трамболини.
Настапуваат: Членовите на Студиото за детски мјузикли Мјузикли за деца и младинци – Broadway JR.
Препевот е на Весна Малинова, преводот на Јована Лалчевска, актерската игра на Радо Алексовски, а кореграфијата на Лара Иванова и Јована Спиркоска.