„Функцијата член на Судскиот совет на РСМ е одговорна функција особено во овој период, кога советот е под мониторинг на меѓународната и експертската јавност и кога од ова тело се очекуваат имплементацијата на препораките на Европската Унија, кои во најголем дел се однесуваат на неговата работа“, рече Бектовиќ по давањето на свечена изјава во Собранието
Новата членка на Судскиот совет, судијката Џенета Бектовиќ, избрана од редот на судиите припадници на заедниците што се помалку од 20 отсто од населението.денеска во Собранието даде свечена изјава, во која посочи дека ќе се залага да се врати довербата на граѓаните во судскиот систем и во правната држава.
„Како член на Судскиот совет особено ќе се залагам при изборот на унапредување на судии на повисоките истанци да се применува исклучиво принципот на меритократија, односно напредување врз основа на квалитет и ќе ги поддржувам професионалните, стручните, совесните и чесните судии и судиите со интеегритет. Таков е најголемиот број на судии во државата. А за несовесните и корумпирани судии што се во многу мал број доколку истото се утврди во поспака утврдена со закон, нема место во судството. Со моето повеќегодишно искуство и со активно учество ќе придонесам во работата на Судскиот совет и ќе се заложам да се врати довербата на граќаните во судскиот систем и во правната држава и на тој начин че ја оправдам искажаната доверба за оваа почесна функција“,
рече Бектовиќ по свечената изјава.
Според неа, Судскиот совет е консолидиран и веќе ги имплементира препораките на оценската мисија и дава позитивни резултати во таа насока.
„Функцијата член на Судскиот совет на РСМ е одговорна функција особено во овој период, кога советот е под мониторинг на меѓународната и експертската јавност и кога од ова тело се очекуваат имплементацијата на препораките на Европската Унија, кои во најголем дел се однесуваат на неговата работа“,
вели таа.
Бектовиќ денеска во Собранието беше придружувана од претседатеелката на Судскиот совет Весна Дамева, која рече дека 90 отсто од судиите што излегле на гласање на изборот на нов член на Судскиот совет го дале гласот за судијката Бектовиќ.
„Иако судијката беше единствен кандидат, сепак легитимитетот за неа го дадоа сите судии. Толку судии да го изразат задоволството од овој судија да ги претставува како член на Судскиот совет на некој начин значи дека и на овој постоечки Судски совет судиите дадоа легитимитет. Голема благодарност за судиите што го поддржаа овој судија, но и за големата излезеност со што дадоа легитимитет и борба за подобрување на се, на постоечкиот Судски совет“,
рече Дамева.
Судијката Џенета Бектовиќ од Основниот кривичен суд Скопје минатата недела беше избрана за нов член на Судскиот совет на Република Северна Македонија од редот на судиите припадници на заедниците што се помалку од 20 отсто од населението. Таа, воедно, беше и единствената кандидатка за оваа позиција во Советот.
Бектовиќ добила вкупно 287 гласа од 316 судии што учествувале на изборите.