Воодушевувачка фатаморгана: Како сликите на Моне го сменија начинот на кој го гледаме Лондон

Постојат уметници кои ни помагаат да го согледаме светот попрецизно. Но, постојат уметници кои одат и подалеку. 

Клод Моне е еден од вторите уметници. Францускиот импесионист од 1899 и 1901 година, три пати го посетил Лондон. 60-годишниот Моне тогаш се впуштил во една од најамбициозните серии „продорни“ слики што некогаш ги направил кој било уметник. Токму овој проект сега е во фокусот на револуционерната изложба на Институтот Кортолд, Моне и Лондон: „Погледи на Темза“. 

Од токсичниот смог со саѓи што го задушувал и „самиот здив на Темза“, Моне магирал околу 100 слики – повеќе отколку што посветил внимание  на која било друга тема во неговата долга кариера. 

Неговите визии, посветени на голем дел од преполните мостови во Лондон и импозантните палати изработени во нематеријални таписерии од вибрирачка пареа, засекогаш го обликувале начинот на кој светот го замислил „нереалниот град“, како што го нарече, познањтиот англиски поет, драмски писател и книжевен критичар, Томас Стернс Елиот.

Прочитајте и:  Уметникот што ја создаде бананата залепена на ѕид: Делото е провокација за вредноста на уметноста

Моне ги насликал  низ прозирната завеза од магла, домовите на обичните граѓани околу  парламентот, Вестминстерската палата, па дури и околината по течението на реката Темза облеана со сончевата светлина. 

- Реклама -