Возило паднало во река во гостиварско Беловиште

Центарот за управување со кризи утрово информира дека околу 4 и 30 часот возило излетало од коловоз и паднало во река во гостиварското село Беловиште.

Како што наведува ЦУК во известието, интервенирала Противпожарната единица на Гостивар со едно возило и четири пожарникари.
Сите луѓе биле извлечени од возилото. Едно лице кое било сопатник е телесно повредено и  пренесено во гостиварската болница.

Извор