Британската полиција во Камбрија соопшти дека две лица се пренесени во болница по сомневање дека вдишувале чад, но дека нема други жртви
Пожарот што избувна во бродоградилиштето БАЕ Системс во Бароу-ин-Фернес во северозападна Англија, каде што се градат нови британски нуклеарни подморници, не претставува ризик од нуклеарен инцидент, соопшти локалната полиција.
Британската полиција во Камбрија соопшти дека две лица се пренесени во болница по сомневање дека вдишувале чад, но дека нема други жртви.
Како што информираа од полицијата, сите биле евакуирани од објектот во Док Хол во Девоншир.
Скај њуз објави дека на социјалните мрежи се појавиле видеа и фотографии од пламен и чад што се издига над бродоградилиштето.
#UPDATE: Two people taken to hospital after fire at nuclear submarine shipyard in Cumbria, northern england 🏴 https://t.co/Wr2LEnaHMl pic.twitter.com/knwWZVcGt6
— Breaking news 24/7 (@Breaking7Newss) October 30, 2024
Локацијата на БAE во Бароу-ин-Фернес, Камбрија, ги произведува подморниците Astute и Dreadnought на Кралската морнарица, според веб-страницата на БAE.
Инцидентот бил пријавен во вторникот во 12:44 часот по локално време, соопшти полицијата.
БАЕ сè уште не одговорила на барањето на Ројтерс за коментар.
Полицијата ги советувала луѓето што живеат во близина на бродоградилиштето „да останат внатре додека спасувачките екипи се справуваат со инцидентот и да ги држат затворени вратите и прозорците“.
Компанијата БАЕ Системс произведува широк спектар на оружје и воена технологија, вклучувајќи нуклеарни подморници, борбени авиони, тенкови и борбени бродови, како и огнено оружје и муниција.