На Шумахер му ги вежбаат мускулите за да не му атрофира телото

На пациентите во кома, треба да им правиме вежби секој ден, за да не им атрофираат мускулите, вели докторот Хеинзпетер Моек.
На Шумахер му се заканува трајна вегетативна состојба.

Со оглед на тоа што нема прогнози кога би можел да се разбуди  од кома, не останува друго освен редовни вежби за мускулите. Шумахер влегува во петтата недела, откако е во кома, а поради можноста да атрофира , потребен му е тренинг.

Како што минува времето, расте стравот дека Шумахер може да остане во трајна вегетативна состојба до крајот на животот, доколку се разбуди од кома.

Да потсетиме, Германецот пред месец дена претрпе тешка скијачка несреќа во француското зимовалиште Мерибел.

„Секој ден, секоја седмица во кома се намалуваат шансите за за здравување“, вели неурологот Марк Оргогозо.

- Реклама -