55-годишен скијач ќе учествува на олимпијадата во Сочи

Еден од највозрасните учесници на Олимпијадата во Сочи ќе биде Мексиканецот Хубертус фон Хохенлохе кој има 55 години. Освен тоа што е скијач, тој е германски принц. Во себе има и италијанска крв  од семејството кое го основало  Fiat, но и  има издадени албуми со поп музика (под псевдонимот Енди Хималаите).

Добар пријател е со Енди Ворхол, со кој се запознал во Studio 54. Покрај тоа е и професионален фотограф. Иако е од германско семејство, Хубертус  е роден во Мексико, а  татко му е раководел фабрика на Volkswagen.

Израснал во Шпанија, а дипломирал на  колеџ во Австрија, каде што  научил да скија. Има државјанство и во Лихтенштајн. На прашањето каква националност е , тој одговара, „латинска”. Многу професионални спортисти не биле на толку олимпијади, колку тој – Сочи му е шеста!

Хубертус го  претставува Мексико, иако поминува  во таа држава едвај неколку недели годишно. Неговата прва олимпијада била во Сараево 1984 година. Тој дури има скијачки  тим во стил маријачи.

- Реклама -