Почина Хуго Чавез, претседателот на Венецуела

Венецуелскиот претседател Хуго Чавез почина, како што соопштија од Би-би-си. Тој подолго време беше болен од рак и  подложен на операции и медицински третмани во Куба.
Социјалистичкиот лидер беше 14 години на чело на Венецуела.

Hugo_Chávez_crop

Чавез не се појави во јавноста, ниту зборуваше речиси три месеци откако тој беше подложен на операција во Куба, која беше четврта операција откако му  беше дијагностициран рак во средината на 2011 година.

По операцијата на 11 декември, имало повеќе компликации, вклучувајќи неочекувани крварење и претходната тешка респираторна инфекција, која, како што изјавија официјални лица, била успешно излечена.

Венецуелскиот лидер претрпе неколку исцрпувачки тури на хемотерапија и зрачење, и двапати досега беше објавувано е дека тој е излечен. Венецуелската влада претходно денес објави дека здравјето на Чавез е значително влошено, а се должи на тешка респираторна инфекција.

- Реклама -