Зошто метеорот што падна во Русија не бил откриен на време?

Метеорот што направи милионска штета и повреди повеќе од 1,200 луѓе во Чељабинск, Русија, не е објект што се гледа на небото неколку денови однапред, затоа што е со помали димензии и се појавува неочекувано.

Поради тоа не е можно да се спречи да предизвика последици затоа што не е можно да се открие на време. Сепак, треба да се истакне дека ова е единствен случај метеор да направи таква штета, рекол за „Блиц“ Бранко Симоновиќ од Астрономското друштво „Руѓер Бошковиќ“.

„Секоја ноќ на небото може да се видат метеори што ги нарекуваме ѕвезди што паѓаат и нивната големина помала. Во поретки прилики во Земјината полутопка влетува објект со значително поголеми размери, како овој во Русија. Тој тогаш се гледа како сјајна топка и таквиот метеор се нарекува болит“, вели Симоновиќ.

Кога болитот влетува во атмосферата обично експлодира, како што се случи во Русија, а ударните бранови на таа експлозија може да предизвикаат штета.

На Земјата секој ден паѓа по 200 тони материјал

Секој ден на површината на Земјата паѓаат 200 тони вселенски материјал во вид на метеорска прашина или метеорити.

[youtube]http://youtu.be/nRoJLJNvLPU[/youtube]

- Реклама -