Утре е Таксират! Еден е Таксират!

Беше ноември во таа сјебана 2001, сабота навечер, ударни вести на А1 со Чом, гостин – Трендо, непосредно пред Таксират 1+2. Магла ми е нормално, ама во информативната папазјанија од локален крвав пир таа година, за 15-годишен клинец навлечен на вести, сигурен сум дека тоа ми изгледаше како нешто конечно сосем нормално и симпатично…

И се изредија години, добри и лоши „таксирати“, пројде деценија и пол оттогаш, а јас сè уште со истиот жар се острам за на саем – што знам, дал од жед за добар звук, дал од носталгија, што и да е.

И џабе е да кажувам колку добро ни било на Таксират и колку во тие студени транзициски ноемвриско-декемвриски таксиратлиски ноќи сме заборавале кој е власт, а кој опозиција или колку од еден до СДСМ-ДПМНЕ сè е скурцано и сиво надвор и колку ревносно се кроеле планови да се зашпара за карта, и колку ни било важно „таа“ да е таму…

Прочитајте и:  Апокалиптика доаѓа во Скопје: Ексклузивно интервју со Паво Лотјонен по повод 26. Таксират!

… џабе сè, ако утре не дојдеш на сајмиште и прво не гласаш „таксират“ – за музиката, љубовта и другарството, за добрата македонска музика, за градот убав – па после гласај колку сакаш…

Екипа ТиЛ, литиумци, бендови, вратарот од Ѓорче, публика, „таа“, Рој Пачи, Марки Рамон, Ману Чао, Лет3, Глоријан, Марко South Winners од Марсеј… Фала многу, пријатно.

Г. К.

(ова НЕ е комерцијален текст)

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13

- Реклама -