Ете, има и таков.
Бананата е специфично овоше со посебна текстура и богат вкус, и е правиот избор ако сакате да го направите најфиниот и најздрав кремаст сладолед без глутен и додатни шеќери. Подготовката не може да биде поедноставна.
1. Земате две банани, ги лупите и ги сецкате на кругчиња
2. Ги ставате во сад или ќеса за замрзнување и ги оставате во замрзнувачот на 2-3 часа, зависно од фрижидерот, додека потполно се стврднат
3. Замрзнатите парчиња ставете ги во блендер и миксајте додека не добиете густа, леплива смеса.
Таа смеса веќе ја има структурата на сладолед и можете да ја послужите или да ја вратите во ладилникот. А можете и да ја збогатите со:
1. 1 лажица путер од кикирики (и 2 лажички мед)
2. 3-4 лажички од омилениот чоколаден крем
3. Грубо исецкани смрзнати јагоди и 2 лажички слатка павлака
4. 3 лажички горко какао, 2 лажички слатка павлака и лажичка екстракт од ванила