Мажественоста ги убива мажите

mazes2

Според една неодамнешна студија на Ратгерс, мажите кои паѓаат во заблуда во врска со машкоста поретко ги пријавуваат своите симптоми на лекарите.

Сите најстари, живи луѓе во светот се жени. Мажите умираат во просек пет години пред жените и исто така, поголема е веројатноста дека ќе умрат од рак. И додека некои сметаат дека мажите се едноставно биолошки проколнати, истражувачите од Универзитетот Ратгерс мислат дека отровната мажественост е виновна за тоа.

Во новата студија под наслов „машкоста во лекарската ординација: Машкоста, давање предимство на лекарот по основ на полот и комуникација на релација лекар-пациент“, објавена од „Превентивна медицина“, Мери Химелстин и Дијана Санчез се одлучиле да откријат зошто мажите имаат пократок животен век  и се склони кон неколку главни причини за смрт. Овие две авторки откриле дека мажите почесто избираат машки лекар поради пристрасноста која се подразбира. Машките пациенти кои се советуваат со машки лекари не се толку отворени и искрени во разговор за нивното здравје, што е интегрален чекор за раното откривање и превентивна здравствена заштита.  Со други зборови, мажите што се „курчат“ и не одат на лекар кога имаат помали здравствени проблеми, бидејќи веруваат дека одење на лекар е знак на слабост, делумно се самоубиваат.

Интересен момент на ова истражување е начинот на кој мажите најчесто пред лекарот ги изнесуваат своите симптоми.

Во првиот дел од студијата , истражувачите регрутирале 250 мажи да одговорат на  прашања во врска со нивните идеи за машкоста и мажественоста. Истите учесници пополниле и прашалници за тоа дали им е битно дали нивниот лекар е машко, и за тоа дали полот има врска со медицинската стручност. Иако мажите не веруваат експлицитно дека машките стручњаци се покомпетентни од женските, испитаниците кои имале најмногу поени на скалата на машкоста попрво ќе се одлучат за машки отколку за женски лекар.

mazes1

„Дали мажите претпочитаат машки лекар е важно само ако изборот на лекар на некој начин влијае на комуникацијата на релација лекар – пациент“, пишуваат истражувачите. Тие потоа извршија тест за да видат дали мажите ги намалуваат нивните симптоми кога им ги изнесуваат на машките лекари. Химелстинова и Санчез регрутирале 250 мажи од универзитетот и по случаен избор ги поделиле во две групи. Едната група за своето здравје разговарала со испитувачи во бели лабораториски мантили – жени, а другата разговарала со испитувачи мажи, исто така облечени во бели лабораториски мантили. На учесниците им е речено дека испитувачите се медицинари. Сите учесници се замолени да направат тест за машкоста, а поради контрола, пред интервјуто, исто така ги пропрашале за петте најчести здравствени проблеми.

„Откривме дека мажите се инхибирани и понепрецизни во презентирањето на своите проблеми, кога тие комуницираат со машки лекари“, вели Санчез. „Мажите кои имале висока оценка на тестот за машкоста потешко ги откривале нивните симптоми“.

Химелстинова и Санчез во 2014 година извеле студија која покажала дека мажите кои постигнале висок резултат на тестот за машкоста поретко се одлучуваат за превентивни мерки и се повеќе склони да го одложат одењето на лекар. Резултатите на спроведените студии докажале негативни ефекти на машкоста за здравјето. Со самото тоа се потврдува дека мажественоста во голема мерка влијае врз повисока стапка на смртност кај мажите отколку кај жените.

Затоа, објаснува Санчез, еден од начините на кои мажите можат подобро да се грижат за своето здравје е да го променат начинот на кој тие одат на лекар. „Ние сме во потрага по начините, како да ги наведеме мажите да поверуваат дека одењето на лекар е мажествен акт“, вели таа.

- Реклама -