Фотографии од Денот на социјалните медиуми во Македонија

Вчера, за првпат во Македонија беше одбележан Денот на социјалните медиуми. Караванот поддржан од ЏаБест посети 3 градови во текот на денот – Прилеп, Тетово и Куманово, со финале во Скопје.

Многу од вас караванот го следеа преку нашиот блог во живо, како и на Твитер хаштагот #smdaymk.

Денот на социјалните медиуми започна да се прославува по иницијатива на авторитативниот блог Mashable пред 3 години. Оваа година „празникот на социјалните медиуми“ го одбележаа повеќе од 500 градови ширум светот. Глобално, 20 градови официјално го прифатија овој ден како празник кој ќе ја одбележи дигиталната револуција што се случува во изминатите неколку години и ќе ги поврзе луѓето кои ги користат социјалните мрежи.

Прочитајте и:  Мета ќе нуди помалку персонализирани реклами во Европа

Токму тоа се случи и во Македонија вчера: дружење, забава и размена на искуства во врска со социјалните медиуми. Подолу, погледнете триесетина фотографии од сите места кои ги посетивме.

Благодарност до сите кои дојдоа и оние кои учествуваа во организацијата на овој настан. До следниот Social Media Day!

 





































- Реклама -