Долг боб
Кај оваа варијанта на фризурата, нарекувана уште lob (long bob), должината на косата доаѓа до рамениците. Ѕвездите најчесто го носат долгиот боб со краеви свртени кон внатре. Лесно може да ја стилизирате косата на овој начин со помош на дебела тркалезна четка и лак за коса.