Ѕвездите ја обожаваат боб фризурата

Колку и да е лошо времето надвор, пролетно-летната сезона веќе ѕирка на хоризонтот и со себе носи бројни сончеви зраци кои нежно ќе и овозможат блескање на нашата коса.

Затоа токму сега е најдобро време да ја промените визијата, а една нова фризура несомнено би била идеален начин да го пречекате возобновувањето на природата. А што подобар избор за фризура од фризурата боб,која не само што е меѓу хит трендовите за коса во последните 1-2 години, туку е омилена и на голем дел од ѕвездените дами.

Истата не само што изгледа елегантно, туку нуди и разновиден стил секој ден, затоа што во зависност од должината на косата можете да добиете различен облик.

Погледнете 4 актуелни варијанти на фризурата, која што очигледно ѕвездите ја обожаваат повеќе од било која друга:

Асиметричен боб

Карактеристично за оваа варијанта е тоа што косата е пократка од едната страна, а патецот најчесто е на една страна. Косата се носи права, мазна и сјајна, па за да го постигнете овој изглед сепак ќе ви биде потребно малку слободно време и преса за коса.

- Реклама -