Ѕвезди што не го поднесуваат семејството Кардашијан

Не поминува ден без Ким Кардашијан и другите нејзини сестри и членови од семејството.Нив постојано ги следат  папараците и секој нивна чекор е документиран и коментиран од милионите  обожаватели.

„Работата”, која бара многу време, талент и посветеност. Да, ама не и во нивниот случај.

Се започна како во приказните пред речиси 10 години … после една порно видео -касета на Ким се случи реално ТВ шоу, а семејството Кардашијан успеаа да изградат една медиумска империја, која што им носи милиони долари од авторски права, реклами, сопствени модни и козметички производи.

Членовите на фамилијата се задоволни од секое медиумско докажување и пари на сопствена адреса, што од своја страна доведува до повеќе потпишани договори и профит.

 

„Досадни, неталентирани, вештачки …” се само дел од епитетите кои се користат од страна на корисниците на социјалните мрежи.

Многу познати личности не ги поднесуваат сестрите Кардашијан и нивната мајка Крис, која се манифестира и како нивен менаџер.

 

Погледнете што велат четири ѕвезди за семејството:

Мајкл Бабл

„Дами и господа, денес имам специјален гостин: Ве молиме поздравете ја Ким Кардашијан. Ах, таа кучка нема никогаш да стапне на мојата сцена. “(Така се пошегува Мајкл за време на концерт, пред да  посвети една од песните на поранешниот сопруг на Ким – Крис Хамфрис)

 

 Даниел Крејг

„Погледнете Кардашијанките  заработуваат милиони. Милиони! Секој нормален човек на тоа би рекол: Молам?!  Значи треба само да бидеш *бан идиот на телевизија и  и луѓето ќе ти даваат милиони?“

 

Сара Мишел Гелар

„Очигледно е време да ја прекинам претплатата за списанието „Vogue”. Кој друг мисли како мене? “(Откако Ким и сопругот Кание беа ставени на насловната на модната библија)

 

 Џон Хил

„Самата помисла дека Кардашијан се повеќе познати од серијата” Mad Men ” ме згрозува. Ова е една од најпознатите гнасни црти на нашата култура“.

- Реклама -