Летото е сезона не само за забави и одмори, туку и за изразување на стилот.
Голем впечаток врз целосниот стил создаваат очилата за сонце, кои не само ги штитат очите, туку и претставуваат „шлаг на тортата“.
Очилата обезбедуваат удобност, и доаѓаат во најразлични форми.
Најновите со со тркалезни стакла, дополнети со раздвижени елементи и интересна рамка, и се дело на модната куќа Christian Dior.
Буквално за неколку дена предметните убави очила станаа најновиот хит меѓу ѕвездите и веќе ги украсуваат нежните лица на голем број познати личности, меѓу кои Ријана, Роси Хантингтон-Вајт, Оливија Палермо и многу други.