Ѕвездата од серијата „How I met your mother“ Нил Патрик Харис, тајно се венчал со својот дечко

Двојката се венчала во Италија по десетгодишна врска во која имаат и две деца.
Пријателката на парот, актерката Кели Рипа ги открила деталите за американските медиуми од венчавката.

„Бев во Италија, на венчавката на Нил Патрик и неговиот вереник Дејвид Буртк. Беше мало, интимно и многу семејно искуство. Веројатно не би требало да зборувам за тоа но Нил рече дека можам“, рекла актерката. Исто така, додала дека младенците изнајмиле замок за церемонијата и на забавата пеел Елтон Џон.

Screenshot_5

Харис самиот ја објавил оваа вест на своите пријатели преку Твитер.

Харис и Буртк се заедно од 2004 година и имаат две деца.

 

- Реклама -