Ѕвездата на „Twilight“ ја скрати косата

Во денешниот моден зум ја сместивме кратката фризура на Кристен Стјуарт. Ѕвездата од “Twilight” ја покажа новата визија пред неколку дена на церемонија на Chanel за време на Неделата на модата во Париз.

Долгата коса на актерката е заменета од куса асиметрична панк фризура, која се карактеризира со светли  тонови, на позадината на кафеава нијанси.

Фризурата се издвојува со младешки и бунтовен стил, а идеално одговара со имиџот на ѕвездата. Единствената забелешка која ја имаме, е кон изборот на боја – Бакарните  тонови не се најсоодветен опција за тенот на кожата на Кристен, бидејќи и придаваат уште поблед и дури изморен изглед.

 

Што мислите вие? Погодок или УПС?

- Реклама -