Можеби е модерно да се фалите дека имате Kindle или Nook, но ајде да бидеме реални. Книгите се многу кул! Погледнете зошто ништо не може да ја замени старата добра книга и миризбата на секоја прочитана страна.
1. Можете да читате книги во бањата
Тоа е неверојатно искуство. Сепак внимавајте да не ви падне во водата …
2. Нема потреба да исклучувате книга во авион
Сите се плашиме од оној момент кога пилотот апелира да се исклучи се што е електронско. Книгите немаат потреба од исклучување. Можете да ги читате кога сакате, без да ве болат очите.
3. Можете да читате на сонце
Одите на плажа, на одмор сте или на базен ? Книгата може да дојде со вас, додека повеќето е-ридери се бескорисни на директна сончева светлина.Екранот станува потемен и не можете да видите ништо на него. Старите книги никогаш нема да ве предадат на најинтересното.
4. Домашна библиотека
Сигурно можете да ја наполните полицата со различни електронски книги, но како би изгледало тоа? Нема ништо попријатно од моментот да пронајдете совршено место за својата најнова книга.
5. Старите книги се одлични
Електронските книги ги немаат првите изданија. Прекрасно е да најдете оригинална класика, која ќе ја додадете во вашата колекција. Кориците се секогаш малку уништени и тоа ги прави совршени. Чувството да држите во рацете класичен роман е непроценливо.
6. Не можат да ви потпишат електронска книга.
Книгите со автограм се личен и обмислен подарок. Авторите сакаат да ги потпишуваат печатените изданија, но не може да се потпишат и на електронските книги …
7. Библиотеките и книжарниците
Ако ги љубите книгите , знаете колку се важни библиотеките и книжарниците. Мирисот на хартија и толку знаење во една соба, создаваат чувтво на копнеж, страст да се осознае повеќе, и така до бескрај…
10. Книгите не умираат
Може да паѓаат листови и да се кинат корици, но книгите никогаш не умираат. Нема ништо повеќе иритирачки од тоа да дојдете до расплет и батеријата да се испразни. Печатените книги никогаш нема да ве разочараат, а тоа ви го ветуваат додека листате, ги мирисате и сонувате.