Зошто немаме спомени од раното детство?

Дали се сеќавате на детството до 3-годишна возраст? Одговорот речиси секогаш е негативен. Научниците веќе имаат објаснување зошто немаме спомени за оваа најкревкa возраст од нашиот живот.

Причината да заборавиме на најраните години се крие во неврогенезата,  поконкретно – во спецификите на формирање на нервни клетки во различни возрасти.

Во текот на процесот на неврогенезата во нашиот мозок се формираат нови клетки. При тоа спомените се бришат, а на нивно место се појавуваат нови, сметаат научниците. Според експертите, тоа е заштитна реакција на организмот против „преоптоварување” со информации. Невроните активно се формираат во детството. Потоа нивното формирање се забавува, како кај постарите луѓе.

За да ја докажат оваа теорија, научниците спроведоа експеримент со глувци. Во него учествувале возрасни глодари и сосема млади примероци од околу 17 дена. Сите глувци биле ставени во кутија, во чиј што под имало слаб електрицитет. Така, со текот на времето, кај возрасните глувци почнала да се набљудува паника кога повторно ќе биле ставени во кафез. Анксиозноста се забележала дури еден месец после експериментот. Малолетниците,  сепак не пројавиле никакви знаци на паника. Така научниците утврдиле дека малите глувци имаат заборавено за непријатните чувства, тестирани  во првите денови од нивниот живот.

Одржан бил уште еден сличен обид, кој покажал исти резултати.

Формирањето на нови неврони не само што ги подобрува меморијата и способноста за учење, туку и помага старите информации да бидат заборавени, појаснуваат истражувачите.

Мора да се напомене дека процесот на неврогенеза беше докажан релативно неодамна. Пред тоа се сметаше дека нервниот систем не е способен да се регенерира. Првично се сметаше дека обновувањето на нервниот систем може да станува само кај некои птици, но потоа стана јасно дека тоа е можно кај цицачите и кај луѓето.

- Реклама -