Зошто кришката секогаш паѓа на намачканата страна?

Ова е важно прашање кое ги мачи веќе долго и научниците и заинтересираните. Истражувачите тврдат дека имаат конечен одговор.
Наводно, кришката секогаш паѓа на намчканата страна поради висината на масата. Научниците велат дека откако кришката ќе „полета“, поради висината од која што паѓа, таа има време да изведе полу-салто, пред да падне на подот. Поконкретно, поради тоа  што страната која што е намачкана е воглавно горе, таа завршува на подот.

images

Со цел да ја потврдат оваа теорија, експертот за храна, професор Крис Смит и неговиот тим фрлиле 100 кришки леб од маса, во просторија на МЕТ универзитетот во Манчестер. Масата била висока 76, 2 см.

Во 81 отсто од случаите, намачканата страна го допрела подот.

Истражувањето е објавено во последната сезона од серијата The Big Bang Theory, една од   најдобрите амрикански  комедии на сите времиња.

U

„Прашањето дали лебот навистина секогаш паѓа на намачканата страна е она кое сигурно ги мачело ликовите од серијата“, вели професор Смит.

„Доколку сакате вашата кришка да падне од другата страна, треба да имате маса висока барем 243,8 сантиметри, за да може кришката да изротира за полни 360 степени. Бидејќи е малку веројатно дека ќе набавите таква маса, обидете се да не ви испадне од раце“.

Иако е клучен елемент висината на масата, физиката на самата кришка исто така игра улога.

toast-fall-buttered-side-down-300

Воздушните џебови во парчето и самите создаваат  влечење во текот на падот, како и намачканата страна.

Феноменот ги измачувал научниците речиси 180 години. За овој проблем се дискутирало уште во 1835 година во New York Monthly Magazine.

 

- Реклама -