Зошто ги сакаме пороците?

Чувството на задоволство го поттикнува успехот во работата, грижата за другите, физичките вежби и многу други за нас позитивни и констурктивни активности. Меѓутоа, прашањето е зошто толку, ако не и повеќе, уживаме во пороците.

Без храна нема живот, но храната умее да се претвори во порок. Без љубов, исто така, нема живот, но и љубовта често пати се претвора во нешто деструктивно, па во Јапонија за љубовна болка може да добиете боледување како и за воспаление на белите дробови. Знаеме и колку се штетни цигарите и алкохолот, а повторно тешко е да се одвикне од нив.

Виновна е хемијата

Кога ги задоволуваме потребите од било кој вид, и оние кои се корисни и оние кои се штетни, мозокот испушта допамин – невротрансмитер кој се активира во моментот кога доживуваме пријатно искуство. Брзата храна, сексот, марихуаната, вотката или коцкањето прават да се чувствуваме добро иако оставаат лоши последици на нашето психофизичко здравје.

28671-smoking-cigarette-cigarettes-ash-ashtray

Темната страна на задоволството

Сите причинители кои го активираат чувството на задоволство може да развијат зависност. Дали и во која мера ќе се случи тоа, зависи од генетските фактори, жиотното искуство, влијание на средината, стресот…

Моќта на навиката

Според мислењето на некои експерти, зависноста настанува така што рефлексно се враќаме на истата работа затоа што сме научиле да ја препознаваме како извор на задоволство. Тој механизам функционира и во животинскиот свет, па во Етиопија некои животни јадат зрна кафе затоа што научиле дека кофеинот кај нив предизвикува чувство на задоволсство.

- Реклама -