Кога времето застудува и опасноста од заразување со грип или вирус се зголемува, многу луѓе се вртат кон топлата здрава пилешка супа. Зошто е корисна пилешката супа и каков е нејзиниот ефект врз нашето здравје?
Пилешката супа е лек за телото и духот , воспоставен низ вековите. Уште во древниот Египет луѓето го подготвувале топлиот еликсир за да се заштитат од настинка. Персијците го користеле кулинарскиот лек во борбата против хемороиди, запек и кај гастроинтестинални проблеми.
Според податоците на историчарите, во 12 век лекарите за прв пат почнале да препишуваат пилешка супа како дел од третманот на пациентот . До денес некои лекари уште се скептични кон здравствената акција на јадењето, но други упорно се обидуваат да ги докажат неговите лековити способности.
Според едно истражување на специјалисти од Универзитетот во Небраска, пилешката супа содржи антиинфламаторно дејство на разновидноста на витамини и хранливи материи кои се содржат во одделните состојки. Секој производ во пилешката супа придонесува за нејзините лековити сили. Пилешкото месо содржи витамини А и Ц, како и некои есенцијални амино киселини. Морковите пак го снабдуваат организмот со бета-каротин, кромидот – со палета од витамини A, B, C и E, а целерот – со железо и магнезиум. Комбинацијата меѓу зеленчук и пилешка супа е една од причините за антивирусната акција на пилешка супа.
Освен тоа, таа ја содржи супстанција наречена карнозин што му помага на имунолошкиот систем да се избори со вирусите и бактериите, а се одразува и позитивно врз здравјето на организмот, го полни телото со енергија и го подобрува мускулниот тонус.