Зошто Чарли не се појави во финалето на „Два и пол мажи“?

Последната епизода на „Два и пол мажи” беше емитувана во САД и многумина ја очекуваа појавата на Чарли Шин.

На јавноста и беше познато дека се водат преговори меѓу двете страни.

Во последната епизода со наслов „Се разбира дека тој е мртов” сè се вртеше околу ликот на Чарли, а настаните водеа до негово враќање. На крајот гледачите беа не само разочарани, туку многумина коментираа дека ова беше најглупавата последна епизода во тв сериите на сите времиња.

Продуцентот Чак Лор ја објасни причината во отворено писмо:

„Знам дека многумина од гледачите се фрустрирани, што не го видоа Чарли Шин во последната епизода. Нему му беше понудена улога што тој ја одби. Нашата идеја беше Чарли да се појави на влезната врата, да погледне директно во камерата и да одржи монолог за опасноста од дрогата, објаснувајќи дека овие опасности важат само за обичните луѓе, а тој не е обичен. Тој потоа требаше да каже дека е нинџа од Марс и е заштитен. Тогаш на неговата глава ќе паднеше пијано. Ние мислевме дека тоа е смешно. Тој не мислеше така. Наместо тоа, Чарли сакаше сценарио во кое ќе го најави почетокот на нова серија насловена „Семејството Харпер“, во која што ќе игра тој. Ние мислевме дека тоа не е смешно.

На крајот сепак, во серијата се појави Чарли, но не вистинскиот актер, туку нечија силуета снимена од грбот. Врз него падна пијаното и Чарли Харпер „со сигурност веќе стана мртов“.

- Реклама -