Има интересна приказна за тоа како секој прст претставува некоја личност во вашиот живот. Имено, палецот ги претставува нашите родители, показалецот нашите браќа и сестри, средниот прст сте вие самите, четвртиот прст е партнерот, додека малиот прст е симбол за вашите деца. Со мал тест се докажува причината.
Спојте ги прстите на левата и десната рака, а средните прсти повлечете ги надоле, исто како на сликата.
Додека ги држите споени рацете, пробајте да ги одвоите само палците. Се разбира дека успеавте. Вашите родители се столб во вашите живот, но кога тогаш ќе треба да се одвоите од нив. Пробајте го истото со показалецот. И вашите браќа и сестри, колку и да ви се драги, ќе основаат свои семејства.
Како напредувате со малиот прст? Да, и вашите деца еден ден ќе се одвојат од вас, исто како вие од вашите родители.
Сега пробајте да го направите тестот со четвртиот прст… – Се додека смртта не ги раздели.