„Знам дека тоа ќе ја шокира јавноста, но мене ми се случуваше тоа“

Мараја Кери глуми во филмот „The Butler“, а во текот на снимањето се присетила на непријатните искуства од минатото.

43-годишната пејачка открила дека во детството страдала поради нејзината националност. Живеела во Њујорк, татко и бил Афроамериканец, а мајка и од Ирска.

„Знам дека тоа ќе ја шокира јавноста, но мене тоа ми се случуваше во детството. Се уште не можам да го прифатам тоа. Во школскиот автобус ме плукнаа во лице“, рекла ѕвездата која верува дека тоа искуство и помогнало да се подготви за улогата во филмот во кој во една сцена бела девојка ќе плукне црн студент.

Инаку филмот „The Butler“ е историска драма во која Мараја Кери глуми покрај Опра Винфри, Форест Витакер, Куба Гудинг Џуниор, Теренс Хауард и Ванеса Редграв.

- Реклама -