Никол Мичел, 45-годишната поранешна сопруга на славниот актер Еди Марфи, исгледа совршено и воопшто не изгледа како мајkа на пет деца.
Поранешната сопруга на актерот Еди Марфи, Никол Мичел, се разладуваше на плажа во Мајами. Оваа заводлива 45-годишничка беше во долга врска, а потоа и во брак со Еди. Се запознаа во 1988 година, а се венчаа две години подоцна. Имаат дури пет заеднички деца.
Но, во 2005 година Мичел побара развод поради „големи разлики“ меѓу нив. Разводот стана официјален во 2006 година.
По разводот, Еди продолжи да се забавува со многу жени. Моментно е во врска со манекенката Пејџ Бучер, која се наоѓа на листата на Maxim на најсекси жени во светот, а со која се запозна на сетот на снимањето на „Big Momma’s House 2“.