Знаете ли кои се луѓето на картите?

Kралот во  срце, кралот во баклава, џандарот во лист… Не се измислени ликови кои се нацртани за потребите на украсување на шпилот карти, туку вистинки историски личности.Вообичаениот шпил од 52 крати, кои денес се користат, влечат потекло од француските карти од 15 век.

Околу 1480 година картите со четири знаци ( детелина, лист, баклава и срце) почнале да се користат во цела Европа и станале модел по кој подоцна се изработувале шпиловите. Во тоа време и на 12 карти пишувало кому му припаѓаат.

Срце

Кралот во срце го претставува Карло Велики ( 742-814), прочуен француски крал крунисан во 800. година.

Дамата во срце е убавата вдовица Џудит, библиска личност која ја искористила својата убавина и лукавост да ја отсече главата на асирскиот војсководец Холоферн.

Џандарот во срце е Ла Ир, а тоа е прекар на Етијен де Вињолес, соборец на Јованка Орлеанка (1412 – 1431).

Баклава

Кралот во баклава е Јулио Цезар (100-44 п.н.е) римски војсководец, конзул и диктатор.

Дамата во баклава е Рахила, втората жена на пророкот Јаков и мајката Јосифа и Венијамина.

Џандарот во баклава е грчкиот херој Хектор, соперникот на Ахил, овековечен во Хомеровата Илијада.

Детелинка

Кралот во детелинка  е Александар Македонски ( 356-323), македонски крал и прочуениот освојувач кој го создал кралството кое се простирало од Македонија до Индија.

Дамата во детелинка е Аргина, а тоа може да биде анадрам од зборовите регина (лат. кралица) или извитоперен облик на името Аргеја, како што се викала митолошката принцеза од Арга.

Џандарот во детелинка е Јуда Макавејски, херој од еврејската побуна против владеењето на Селекида (1 век п.н.е)

Лист

Кралот во лист е израелскиот крал Давид ( 10 век п.н.е),

Дамата во лист е Атена, грчката божица на мудроста.

Џандарот во лист е Холгар Дански, личност од данската епска поезија.

- Реклама -