Овие прекрасни фотографии подолу се дела на Сет Тарас, познат уметник и фотограф од САД. Во 2004-та година, Тарас креираше кампања за ТВ каналот „History“, насловена „Know Where You Stand“ (Знај каде стоиш).
Галеријата беше составена од дела кои во себе содржеа значајни историски моменти чија местоположба е испреплетена со сегашноста. Кампањата беше и повеќе од успешна, преведена на 30 јазици и прикажана во повеќе од 130 земји ширум светот.