Џенифер Лоренс е речиси универзално обожавана, но изгледа дека сепак стекнала еден непријател за време на оваа година.
Се чини дека добитничката на Оскар ѝ замерила на комичарката и актерката Џоан Риверс, која можете да ја видите на шоуто ‘Fashion Police’. „Мојата новогодишна желба е Џенифер Лоренс да порасне и да сфати колку е среќна и да се смири“, рекла Риверс.
Очигледно сеуште е чуствителна на коментарите од Лоренс дадени во ноември, кога рекла дека шоуто како ‘Fashion Police’ покажува на младите да ги судат другите врз основа на погрешни вредности и ги учи дека е сосема во ред да покажуваш со прст кон луѓето и да им се кажува дека се грди и дебели.
80-годишната Риверс веднаш реагирала на нејзиниот коментар преку Твитер и напишала дека акретката е арогантна и лицемерна и дека Лоренс очигледно го сака нејзиното шоу, додека ѝ делеле комплименти за време на доделувањето на наградите, но почнала да зборува против неа кога требала да го промовира филмот.
J.Law не одговорила директно на твитот На Риверс, но на Барбара Валтер ѝ рекла дека смета дека „би требало да биде нелегално да наречеш некого дебел на телевизија“. Популарната актерка одбила да ослабе за потребите на улога, и искрено рекла дека на неа ѝ се гади од диети и признала дека ја фотошопирале.
Риверс мисли дека сепак само глуми. „Обожавам што таа на сите им кажува дека е погрешно да се грижите за ретуширање и покажување на телото на фотографии, а во меѓувреме, на нејзе користат повеќе фотошоп од министерот од Ватикан“, рекла Риверс за Huffington Post, „Погледнете ги нејзините постери. Таа нема нос, има само две дупки. Едноставно мора да научи дека неможе да зборува за нешто што и самата тоа го прави“, рекла Риверс.