Жизел Бундхен има тело кое секој би го посакал

Популарната бразилска убавица и понатаму е една од најплатените манекенки во светот, а сите се диват на нејзината фигура која успеа да ја постигне 10 месеци по раѓањето на ќерката Вивиан.
Убавата Бразилка е една од најдобро платените манекенки на светот. Таа е вистинки професионалец кога станува збор за модни кампањи, чекорење по пистата, фотосесии и бројни едиторијали.

Со цел да им покаже на сите дека е во форма и дека нејзината линија е беспрекорна, таа се појави на црвениот килим на доделувањето на наградите Wall Street Journal Inspiration Awards и повторно заблеска како вистинкса стилска икона.

Во тесната тоалета со нијанско на виолетово и нагласено деколте, Жизел е најдобар доказ како семејството и кариерата можат да се следат во исти чекор.

1

- Реклама -