Вегетаријанството веќе одамна стана тренд. Вегетаријанците не само што самите се придржуваат кон поинаков начин на исхрана, туку со сите сили се трудат да привлечат што е можно повеќе луѓе со цел да го почувствуваат позитивниот исход од приклучувањето кон оваа супкултура. И тоа го прават на различни начини.
Индонезискиот фотограф Аган Харахап, инаку вегетаријанец, со помош на својот фотоапарат и фотошопот направил интересна фотосесија со животни во супер маркет.
Фотосесијата е насловена Garden Fresh и во неа е прикажана тенката граница меѓу луѓето и животните и сложениот однос со природата.
Фотографиите ја раскажуваат приказната за животните кои шетаат низ продавниците каде се продава месо и ги тераат купувачите да размислат за новата смисла на понудата на месо и месни производи.