Чудни сме ние луѓето. Ако е студено велиме „Ех, сега да беше лето, па плажа“, а кога температурите го надминуваат 40-тиот степен размислуваме за капа, шал, огниште и секако снег.
Koлку и да не ја сакате зимата, сигурно не можете да му одолеете на снежниот амбиент и уметноста во креација на природата. Глетката на првиот снег во годината е љубов на прв поглед. Во исчекување на снежните денови уживајте во приказната која ја создадовме за вас и магичните слики кои ги одбравме во тој контекст.