Жителите на Новосибирск овие денови забележуваат невообичаено однесување на птиците кои долетуваат од шумата и се хранат со бобинки од растенијата што растат во градските паркови.
Птиците откако ќе се најадат, ја губат ориентацијата, не можат да летаат право, а некои се превртуваат и се забиваат во ветробраните на автомобилите.
Орнитолозите тврдат дека тоа е така бидејќи заради невообичаено топлото време во Сибир бобинките и плодовите на овошките не замрзнале, па забрзано ферментираат, а еден од продуктите на ферментацијата е алкохолот.
Во европскиот дел на Русија пијанството на птиците, но и на свињите, е вообичаена појава за време на летото и есента. Но во Сибир, појавата на пијани птици е многу ретко, тврдат научниците.