Индиската актерка Арти Агарвал (31) почина по направената липосукција.
Смртта настапила само еден месец по подложување на операција за вшмукување на масните наслаги.
Актерката, која својот прв филм во Боливуд го сними на 16 години, почина поради проблеми со респораторниот тракт.
Иако е родена во Америка, Арти многу брзо стана една од најголемите ѕвезди на Боливуд, каде има снимено неколку познати филмови. Неодамна се врати во родниот Њу Џерси.
– Арти се бореше со прекумерната тежина и имаше проблеми со белите дробови. Се подложи на третман и по одредени компликации доживеа срцев удар и почина- изјави менаџерот на актерката.
Актерката во 2007 година се омажи за американски инженер, но се разведе по само две години брак.
Нејзината сестра Адити е исто така актерка.