Моделот Жизел Бундхен беше фотографирана за прв пат по пластичната операција, за која што се зборуваше.
Според американските медиуми, таа направила “козметичка хирургија” околу очите и градите. Од сликите станува јасно дека има промена во ликот на Жизел, поконкретно околу очната контура.
Папараците ја пресретнаа убавицата додека се симнува од нејзиниот приватен авион, на враќање од Париз.
Потсетуваме дека пред една недела Жизел беше фотографирана во бурка на излез од Клиниката за пластична хирургија. Сепак, ја издаде нејзиниот долгогодишен шофер, кој папараците го препознаа, па така и заклучија дека токму Жизел се крие под велот. Покрај шоферот, ја издаде и еден мал детал – сандали со отворени прсти, што кај Муслиманките е строго забрането.