Цели 15 години топ-моделот Жизел Бундхен беше најплатена манекенка во светот, но оваа година има промена на врвот на листата на Форбс.
Според податоците на магазинот, оваа година најплатена манекенка е Кендал Џенер, која е сестра на Ким Кардашијан. Таа е и модел на Викторијас Сикрет, а учествувала и на ревии на Александар Вонг, Фенди, Шанел, а снимила и реклами за Есте Лаудер и Адидас.
Со оваа промена, Жизел останува на второто место. Кендал во текот на изминатата година заработила 22 милиони долари како модел, додека пак Жизел 17,5 милиони долари.
На листата се нашле и Криси Тајген, Адријана Лима, Џиџи Хадид, Роузи Хантингтон, Карли Клос, Лиу Вен, Бела Хадид и Ешли Греам.