Супермоделот Жизел Бундхен позираше по улиците на Лондон за најновата кампања на H&M.
33-годишната Жизел позираше во бушави џемперчиња, палта со воен принт и капи во полициски стил од новата колекција на брендот за претстојните есен/зима.
Бразилската убавица, инаку мајка на две деца, не е единствената ултра популарна личност што го рекламира овој бредн. Пред неа тоа го направија Бијонсе, Ванеса Парадис и Лана Дел Реј.